Според информациите од Италија, кои ги лансираат медиумите блиски до Јувентус, гигантот од Торино во претстојниот летен преоден рок има намера и тоа како да ги засили своите редови. Па така челниците на Јуве подготвуваат четири мега – трансфери. Првиот е оној на Пол Погба, кој е многу блиску до враќање во Торино.
Потоа Анхел Ди Мариа, кој веќе се раздели со ПСЖ, а трансферна цел веќе неколку преодни рокови е Калиду Кулибали од Наполи. Последен од оваа четворка е Габриел Жезус од Манчестер Сити.
Се разбира дека со овие четворица, Јуве и тоа како би бил конкурентен за враќање на титулата во Серија А.