Антонио Каланоски е нов играч на Шкупи

2519

Актуелниот шампион на Македонија, тимот на Шкупи од денеска е посилен за досегашниот напаѓач на Силекс, Антонио Каланоски. Искусниот, 28. годишен напаѓач ја мина сезоната во Кратово, како еден од најдобрите фудбалери на повратникот во ПМФЛ шампионатот, и за тоа е награден со ни помалку ни повеќе трансфер во најдобриот тим во Македонија во моментов.

Каланоски секако дека ќе треба да се избори за минутажа, со оглед на огромната конкуренција која што ја има во Шкупи, но сезоната е долга, а Чаирчани најпрво ќе се обидат да стигнат што е можно подалеку во квалификациите од Лигата на Шампионите, а потоа, и да му се посветат на домашниот шампионат.

Покрај Каланоски, Спортмедиа претходно објави дека на Шкупи летово му се приклучува и Кристијан Ацкоски.

 

ПретходноГотово е: Чуамени е нов “КРАЛ“!
СледноСерафимов меѓу најдобрите во Унгарија