Откако денеска и официјално најави дека ја завршува својата активна игрчка кариера, Кире Лазаров доби бројни благодарници од неговите поранешни клубови. Во низата кои се огласија на социјалните мрежи е и унгарскиот великан Веспрем.
„Кирил Лазаров најави дека ја завршува својата криера. Нашиот поранешен десен бек, кој ги бранеше боите на Веспрем во 5 сезони од 2002 до 2007 година, 1299 пати ја затресе мрежата на противниците, со што го зазема 8. место на вечната ранг-листа на нашиот клуб. Ти благодариме за се и честитки за кариерата Киро!“, порачаа од Веспрем.
View this post on Instagram