Еден од најталентираните фудбалери во светот, Орелиен Чуамени е нов член на Реал Мадрид. Како што пренесува Фабрицио Романо, познатиот експерт за трансфери, “кралевите“ и Монако постигнале договор па така сега младиот играч за врска може да се каже дека е веќе „крал“.
Реал за Чуамени на Монако треба да му плати вкупно 100 милиони евра, од кои 80 за самиот трансфер а останатите 20 за разните бонуси.
Договорот ќе биде на пет години и ќе важи до 2027 година.