Кирил Лазаров откако и официјално потврди дека оваа сезона е последна во неговата кариера, одржа прес-конференција пред новинарите во Нант. Францускиот тим е последна станица во неговата играчка авантура.
Македонската гол-машина им се заблагодари на сите во клубот, најави дека ќе остане во ракометот, но само како селектор, секако во иднина и како тренер во клуб.
„Нант е моја одлична одлука. Претходно играв во големи клубови, но се одлучив на Нант и не погрешив. Играв двапати на Ф4 и Европа го запозна клубот. Француската лига е најтешка и има најголема конкуренција. Се навикнав на клубот и на француската култура. Мојата приказна дојде на крајот. Ова беше тешка, но очекувана одлука. Благодарност до претседателот, играчите, капитените, навивачите. Нант има најдобра публика во Европа. Овој клуб го извлече најдоброто од мене. Клубот и градот ќе ми фалат, ама најмногу навивачите.
Ќе останам уште во ракометот, ако ви треба џокер за некои пет до десет минути, тука сум. Се шегувам, останувам селектор, во иднина можеби ќе работам и во клуб и понатаму ќе останам дел од овој спорт“, рече Лазаров, кој доби горомогласен аплауз од страна на присутните на прес-конференцијата.
Тој ќе го одигра последниот меч пред домашната публика, додека богата кариера ќе ја заврши против ПСЖ во Купот на Франција.