Ждрепка за Супер-лига: Вардар 1961 и Е.Пелистер ќе ги вкрстат „копјата“ напролет!

140

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија ќе се одржи извлекувањето на групите за следната сезона во Супер-лигата во машка конкуренција. Вкупно 16 екипи ќе бидат поделени во две групи со по осум учесници. Првите четири од секоја група одат во плеј-оф, додека останатите во плеј-аут.

Актуелниот македонски првак, Вардар 1961 и вицепрвакот, Е.Пелистер се најдоа во првиот шешир пред ждрепката, па овие два тима ќе се сретнат по завршување на Супер-лигата.

Шешир 1: Вардар, Еурофарм Пелистер
Шешир 2: Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2
Шешир 3: Тиквеш, Охрид
Шешир 4: Пролет, Прилеп
Шешир 5: Струга, Радовиш
Шешир 6: Скопје, Алкалоид
Шешир 7: Голден Арт, Јуниор КВ
Шешир 8: Вардар Неготино, Куманово

ПретходноПознати се сите детали за ракометниот турнир „Марко Божиновски“
СледноЛазаров со писмо до фановите: Моето долго и прекрасно патување дојде до самиот крај! Заминувам со гордо крената глава!