Левандовски го прекина молкот: Нешто умре во мене!

202

Роберт Левандовски повторно испрати порака дека сака да го напушти Баерн Минхен, сега отиде чекор подалеку, порача дека неговиот избор е Барселона.

Во разговор за медиумите тој истакна дека неговата одлука да го напушти Баерн Минхен е конечна, истото се однесува за каталонскиот гигант.

„Не размислувам за други опции. Сакам да го напуштам Баерн, да се разбудат емоциите во мене. Не сакаа да ме сослушаат до крај. Нешто умре во мене. Како еден играч ќе сака да дојде во Баерн, ако знае дека не може да си замине? Каде е лојалноста и почитувањето. Секогаш бев подготвен, секогаш сакав да играм и кога бев повреден“, изјави Лева.

Полскиот напаѓач по завршување на сезоната беше гласен во своите намерни иако има уште една година од договорот.

Лева во претходните осум години освои се што можеше со Баерн, има 19 трофеи, 344 постигнати голови во 374 настапи.

ПретходноНеверојатно: Бајиќ и Игокеа се нови шампиони во Босна: Пехарот и медалите ќе ги добијат по пошта!
СледноВо Англија предупредуваат: Во Катар нема да толерираат никого, законите се немилосрдни!