Ливерпул има проблем со играчите: После Мане, непослушност покажа и Салах

448

Како почна репрезентативната пауза, така во Ливерпул почнаа проблемите и тоа со најдобрите играчи. Откако Садио Мане даде изненадувачка изјава од кампот на Сенегал дека ќе си оди, Мохамед Салах испрати слика дека нема најдобра комуникација со раководството на клубот.

Најдобриот стрелец на „црвените“ против Гвинеја одигра 90. минути, иако веќе долго време има проблем со полесна повреда на препоните.

Повредата го мачи од финалето во ФА Купот, но Салах се уште нема направено снимки, иако од Ливерпул му наложиле.

„Иако Салах има повреда, сепак играше. Тој го одби барањето на Ливерпул да направи снимка пред мечот, сега ќе мора да оди на преглед“, изјавија од таборот на Египет.

Останува да видиме како овој потег на Салах ќе влијае на продолжување на договорот.

ПретходноПабло Ласо пуштен на домашно лекување: Се чувствувам совршено! (ФОТО)
СледноРаботнички се раздели со дел од странците…Ѓорѓевиќ, Куција, Родригез…