Во очекување на назначување на нов стратег, а кандидати се неколку, Работнички одлучи да се раздели со неколкумина играчи, односно со дел од странците, кои го носеа дресот на клубот од Градски парк.
Па така дел од Работнички не се веќе Драшко Ѓорѓевиќ (Србија), потоа Ѓорѓи Куција (Грузија), Сантијаго Родригез (Колумбија), а исто така се раздели и со голманот Нурхан Мустафа кој веќе е нов член на второлигашот Гостивар.
Инаку плановите на Работнички се откако ќе се назначи шеф на струката, да се доведат и повеќе нови имиња во тимот, иако и во наредната сезона во преден план ќе бидат младите. Нешто што Работнички го прави години и години наназад.