Ристовски: Покажавме квалитет, истиот да го потврдиме и против Грузија

160

Македонската репрезентација утре на Арената Тодор Проески во Скопје ќе го одигра третиот меч од овогодинешната Лига на Нации против репрезентацијата на Грузија. Мечот се игра со почеток од 20:45 часот и е нова можност за нас да освоиме бодови во оваа кампања. Прв на домашен терен, кој во последно време ни е и тоа како голема предност, и каде што ретко кој не надиграл. Грузија доаѓа по две победи од два дуела, мотивирана, агресивна и желна за одмазда по онаа елиминација во финалето од минатата Лига на Нации кога ние заминавме на Европско, а тие останаа дома.

Нашиот нов херој, Милан Ристовски ни донесе бод во Разград, а сега вели дека тоа реми, како и победата над Гибралтар, треба, мора да биде надорадена со нов триумф, овојпат против незгоден противник.

„Го покажавме нашиот квалитет на овие два меча. Сметам дека можеме многу повеќе и сметам дека тоа ќе го покажеме токму на мечот против Грузија. Мечот нема да е лесен, напротив ќе биде тежок, затоа што Грузија има две победи во првите две кола што секако за нив делуваат мотивирачки. Ќе пристигнат тука во Скопје посакувајќи да освојат бодови со кои би останале на тоа прво место и легитимно е тоа да го прават. Сепак, ние мора да веруваме во себе, во нашиот неспорен квалитет, и во замислите на селекторот. Треба да покажеме желба и борбеност пред се. Знаеме што не чека, направивме веќе една кратка анализа на нивната игра, знаеме што е нивна предност но и нивна слабост. Сепак, во преостанатото време до мечот мислам дека пред се треба да се посветиме пред се на нашата игра, да веруваме во успехот, кој сум уверен дека ќе дојде доколку го одработиме мечот како што треба“ – изјави Ристовски. 

ПретходноМерџани ја напушта Шкендија
СледноЧурлинов: Целта е прво место, а тоа доаѓа со победи