Академија Пандев стартуваше со подготовките, закажани четири пријателски средби

775

Тимот на Академија Пандев со мало задоцнување стартуваше со овогодинешните летни подоготовки. Акцентот на истите секако ќе биде првично настапот на клубот во квалифиакциите за Конференциската лига, а потоа и за домашниот ПМФЛ шампионат.

Екипата полека се комплетира, вчерашниот тренинг е одржан во сала за кревање товар, а новитет е како што Спортмедиа најави, интернационалецот од Франција, Мака Гакоу, кој игра на позицијата лев бек и кој неколку дена ќе работи со екипата. Утре пристигнува уште еден интернационалец, Маронг, а околу новитетите сеуште се чека управата да се договори со нив.

Од друга страна пак, активностите се во домашни услови се до 17. јуни кога во Скопје, Академија Пандев ќе одигра пријателски дуел со тимот на Балкани од Косово. Следува на 19. заминување за Банско, Бугарија, каде што се закажани пријателски мечеви со Черно Море на 21, со тимот на Левски во Софија на 25, и конечно со тимот на ЦСКА 1948 на 29 јуни.

ПретходноМладите на прошетка на Матка
СледноЉупчо Марковски е нов тренер на Работнички