ЛН: Белгијците ја растурија Полска 6:1, Холандија славеше во Кардиф

149

Вечерва се одиграа неколку натпревари во Лигата на нациите. Во А сегментот во Брисел се соочија Белгија и Полска. Белгијците победија со 6:1 иако гостите први дојдоа во водство со погодокот на Левандовски во 28. минута. Но Аксел Витцел пред крајот на првиот дел изедначи на 1:1.

Во вториот дел белгискиот тим ја презема иницијативата и ја запечати победата со четири гола, едниот на Кевин де Брујне, два на Леандро Тросар и по еден на Дендонкер и Опенда.

Инаку ова е прв дуел меѓу Белгија и Полска после 2007 година.

Во истата група Холандија го победи Велс со 1:2 во гости. Велшаните пред неколку дена изборија пласман на СП, па овој меч не им беше и толку важен. Се опуштија, а и селекторот Роберт Пејџ им даде одмор на некои играчи кои се испотија во финалето против Украина, а вечерва „резервистите“ не успеаа да извлечат барем бод иако имаа големи шанси за тоа.

Холандија поведе со голот на играчот за врска на Аталанта Теун Копмајнерс во 50. Минута. Велшаните изедначија во 92 минута преку Норингтон-Дејвис, но веќе во следната акција студен туш затоа што Холанѓаните стигнаа до победа со гол на Вегхорст.

Во оваа група Холандија е прва со 6 бода, Белгија е втора со 3, Полска исто така има 3, а Велс е без бодови.

Во Б сегментот, Украина со голот на Циганков во 48. минута ја совлада Ирска со 1:0 во Даблин. Шкотланѓаните немаа проблеми против Ерменија на „Хемпден парк“ во Глазгов 2:0. Ралстон и Мекена во првото полувреме ја завршија работата.

ПретходноMaкедонија со триумф над Романија ја прекина лошата серија
СледноНант му се поклони на Лазаров: Цела сала стави круни, Кире седна на престол како крал (ФОТО)