Младите на прошетка на Матка

225

Македонската репрезентација до 21. година пред себе има два тест меча на домашен терен против Босна. Првиот контролен меч  се игра на 10. јуни на стадионот „Ѓорче Петров” со почеток од 17. часот, додека пак втората контролна средба е закажана за 12. јуни. Натпреварот ќе биде одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски” со почеток од 17. часот.

Во таа насока, репрезентативните покрај тоа што мора да се одржат во сериозен тренажен процес, иако и за нив одамна е крај на сезоната, мора малку во набиената програма, да има и место за релаксација. Претпладенвите часови денеска младите фудбалери на чело со селекторот Драган Канатларовски го поминаа на познатото туристичко место крај Скопје, кањонот Матка, каде што имаа прилика да се уверат во убавините на ова прекрасно природно здание.

 

ПретходноКадетите на собир во Штип пред настапот на БП во Србија
СледноАкадемија Пандев стартуваше со подготовките, закажани четири пријателски средби