Македонскиот ракометен суперлигаш Охрид, денеска се засили со уште еден интернационалец. Станува збор за српскиот десен бек Никола Грубиќ, кој потпишал договор на 2 години.
Грубиќ доаѓа по одличните игри во Дубочица и Партизан (Србија) и се најавува како одлично засилување за сино-белиот тим.