Љупчо Марковски е нов тренер на Работнички

542

ФК Работнички предмалку објави дека Љупчо Марковски е назначен за нов шеф на стручниот штаб. Откако изминатата сезона на клупата ја доврши Стојан Игњатов како в.д. шеф на стручен штаб управата на клубот летово имаше задача да постави нов тренер. Се одлучи за искусниот Калц, кој години наназад е дел од ФК Скопје, што како дел од ВМФЛ што како дел од ПМФЛ.

„Работнички му ја доверува шансата на Љупчо Марковски да биде нов шеф на стручниот штаб. Сметаме дека со неговиот фудбалски авторитет во Македонија и искуството за работа со млади и талентирани фудбалери, ќе успееме заеднички да го подигнеме нивото на младиот тим на Работнички. Клубот и понатаму останува посветен на продуцирање на македонски играчи кои ќе добиваат шанса за докажување“, изјави претседателот на клубот, Драган Поповски.

 

ПретходноАкадемија Пандев стартуваше со подготовките, закажани четири пријателски средби
СледноИлија Столица е нов тренер на Партизан