Герет Бејл, репрезентативецот на Велс и досегашен член на Реал Мадрид, по се изгледа дека останува во Мадрид, во главниот град на Шпанија, но во таборот на „кралевите“. Имено според „Марка“, менаџерот на Велшанециот го понудил на Хетафе, клуб од предградието на Мадрид. Оваа информација првиот човек на Хетафе ја потврдил и кажал дека разговарале на таа тема и дека трансферот е можен.
Инаку Бејл откако заврши со Реал Мадрид, се врзуваше со можен трансфер во Кардиф, но и во неколку други клубови во Премиер-лигата.