Вареловски, Димовски и Стојков верни на Тиквеш

1021

Екипата на Тиквеш на потешкиот начин се избори и следната сезона да биде дел од ПМФЛ шампионатот. Играше бараж против екипата на Воска, истиот го доби во голем стил и сега во Кавадарци единствено се мисли како следната сезона да се биде поконкурентен.

Во таа насока управата на клубот најпрво сакаше летово да одигур дел од веќе постоечкиот кадар, па дури потоа да се „фрли“ на засилувања. Потпишани се нови договори со искусните Стојан Димовски, Александар Вареловски и Драган Стојков, а се преговара и со останатите играчи кои го понесоа најголемиот товар изминатата сезона.

 

ПретходноМициќ продолжува во НБА, но не во Оклахома
СледноВелија е нов играч на Шкендија