Велија е нов играч на Шкендија

666

Башким Велија е најновото засилување за тимот на Шкендија. Сега веќе екс играчот на тимот на Лаци од Албанија, му се приклучива на тимот кој очигледно летово ќе биде реновиран за наесен да започне нова битка за шампионсата титула.

Велија доаѓа на местото на Ангелче Тимовски кој заминува од клубот, и ќе ја заземе десната бековска позиција. Тој е поранешен играч на Ренова, а во моментов има 28. години.

Тој денеска успешно ги мина медицинските прегледи во клубот и ќе се приклучи на подготовките на тимот.

 

ПретходноВареловски, Димовски и Стојков верни на Тиквеш
СледноВили Сањол: Имаме максимален респект кон Македонија!