Утре на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, нашата репрезентација во меч од 3.коло во УЕФА Лигхата на Нации ќе се сретне со селекцијата на Грузија. Гостите во првите два меча беа импресивни, победија убедливи и со Бугарија и со Гибралтар.
Селекторот на Грузија, Вили Сањол за утрешниот меч на пресот кој се одржа попладнево на Арената, покрај другото истакна..
„Имаме максимален респект кон Македонија. Селекција која има несомнен квалитет. Од друга страна ние посакуваме да продолжиме со победничкиот од, секако дека ќе се обидеме тоа да го сториме и на утрешниот меч. Посебно ако можевме да победиме со Бугарија на гости. Јасно е дека нема да биде лесно, реков дека Македонија има квалитетен состав, таа и натаму останува фаворит, но ние сме мотивирани и подготвени. “ изјави селекторот на Грузија.
ФОТО: И. Паневски