Кадетите на собир во Штип пред настапот на БП во Србија

211

Македонската кадетска одбојкарска репрезентација во Штип ги одработува подготовките за претстојното Балканско првенство во Нови Сад. Селекторот Ванче Санев на располагање има 16 одбојкари родени 2005-та година или помлади, а тие во наредните дваесетина дена ќе се обидат да создадат тим којшто ќе игра достојно на балканскиот собир од 28.06 -02.07.

Најголемиот број од играчите се од Струмица 47&72, осмуммина, по двајца се од Јанта волеј, од ГОК Борец, од Штип УГД и од Весна Пробиштип.

На Балканијадата во Нови Сад, Македонија ќе игра во групата „Б“ со Молдавија и со Бугарија.

Состав на кадетската одбојкарска репрезентација на Македонија:

Техничари:

Марко Димовски (ГОК Борец), Филип Пуздерлиски (Штип УГД), Лука Ристоски (Штип УГД), Ване Арапов (Струмица 47&72)

Примачи:

Јован Милев (Струмица 47&72), Филип Станков (Струмица 47&72), Тоше Ефремов (Весна Пробиштип), Филип Петрушевски (Весна Пробиштип), Антонио Николов (ГОК Борец)

Примач/Блокер:

Перо Саздановски (Јанта волеј), Андреј Тодоровски (Јанта волеј)

Блокери:

Мики Мицев (Струмица 47&72), Филип Грковски (Струмица 47&72)

Коректор:

Панче Маглешев (Струмица 47&72)

Либера:

Христијан Смиков (Струмица 47&72) и Трајче Коцев (Струмица 47&2)

ПретходноТетекс има нов претседател и управа
СледноМладите на прошетка на Матка