Курталан: Македонија е мојата желба, едвај чекам да заиграм на официјални мечеви

14028

Арда Окан Курталан денеска и се приклучи на репрезентацијата на Македонија до 21. година по повод дуелите против Босна на 10 односно 12 јуни во Скопје. Првотимецот на Фенербахче и големата желба на Македонија денеска го одработи тренингот и специјално за Спортмедиа ја прокоментира ситуацијата околу неговиот статус со фамозниот македонски пасош. Тој веќе две години е во „чекалната“ што се вели, но процедурата на релација ФФМ, Агенција за млади и спорт, Влада на Република Македонија никако да заврши.

„Јас единствено што посакувам е да го добијам пасошот на Македонија и да почнам да настапувам за Македонија и на официјални мечеви. Мислам дека тоа го ставив јасно до знаење. Доаѓам секој пат кога ќе бидам повикан од страна на селекторите, и со љубов до носам дресот на Македонија“ – изјави Курталан.

Според нашите сознанија, Агенцијата за млади и спорт треба да ја испрати документацијата до Владата на република Македонија, и на една од седниците на истата да се одобри државјанството на Курталан. Тој има потекло од Македонија поточно од Гостивар, и ги има сите предуслови да добие наша патна исправа.

 

ПретходноСтоле Димитриевски: Со полн стадион ќе биде полесно!
СледноСрпските интернационалци продолжија со Куманово 2009