Лазаров „перфектен“ на последниот меч пред фановите на Нант, ПСЖ и Раул испишаа историја

353

Кирил Лазаров вечерва го одигра претпоследниот меч во својата кариера, последен пред фановите на Нант. Најдобриот македонски ракометари со уште неколку соиграчи и тренерот Ентрериос по завршување на оваа сезона ќе го напуштат тимот, со тоа што Лазаров става крај на богатата ракометна приказна.

Како за последен меч пред фановите, Кире вечерва беше перфектен. Неговиот тим го совлада Тулуз со 32-18 и сезоната ја завршува на второто место, кое го потврди во претходното коло. Нант на овој начин обезбеди билет за Лигата на шампиони.

Лазаров зад своето име запиша три гола од исто толку обиди. Последниот меч го игра овој викенд против ПСЖ во рамките на финалето во Купот на Франција.

Кога сме кај тимот на Раул Гонзалез, вечерва испиша историја. Ја освои титулата во францускиот шампионат без пораз, во 30 кола запиша исто толку обиди, нешто што до сега се нема случено.

ПретходноСерија А по 58 години воведува голема промена со системот на натпреварување
СледноЊукасл го гради шампионскиот тим: За Таргет дадени 15 милиони фунти