Лапорта воведува три категории на плати во Барса, максумумот е 10 милиони по сезона

237

Откако стана јасно дека Браселона ќе мора да ги намали платите за 160 милиони евра, шпанскиот весник „АС“ ја објави и методологијата на која ќе оди кратењето. Претседателот Лапорта планира да воведе максимум плати од 10 милиони евра годишно (нето), а за да влезат во овој финансиски максимум, на играчите ќе им бидат понудени намалувања, некаде и до половина од постоечката плата.

Новите засилувања и оние кои повторно потпишаа договори веќе го исполнуваат плафонот, но проблем со договорите од претходното раководство.

Сега Барса сака да го структурира тимот, да ги подели фудбалерите во три категории: лидери со плати од 6-8 милиони евра, средна класа – 4-5 милиони, и нередовни стартери со плати од 2-3 милиони. За да се совпадне со новата класификација, Роберт Левандовски, на пример, е подготвен да потпише тригодишен договор за 9 милиони евра годишно со што ќе биде најплатен во Барса, но споредено со 24-те милиони евра по сезона во Баерн, ова е намалување за речиси три пати.

На ваквата систематизација се побунил 17-годишниот Гави. Тој и неговите агенти веруваат дека тој заслужува повеќе и затоа не сакаат да прифатат да бидат ставени во кругот на фудбалери со заработка меѓу 6 и 8 милиони по сезона.

ПретходноМесто во Партизан, Пирло ќе заврши на клупата на турски прволигаш
СледноЃуровски поради приватни причини си замина од Параду