Место во Партизан, Пирло ќе заврши на клупата на турски прволигаш

276

Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, постигнал договор со турскиот фудбалски прволигаш Фатих Караѓумрјук и деновиве и официјално треба да биде претавен како нов тренер на тимот, јавуваат турските медиуми.

Веста ја потврди и италијанскиот новинар Николо Шира. Турскиот клуб се надева дека договорот наскоро ќе биде потпишан, по што подготвуваат и специјална промоција.

Пирло последен пат го водеше Јувентус во сезоната 2020/2021 година, кога го освои Купот и Суперкупот на Италија и заврши на четвртото место во Серија А.

Минатата сезона Фатих Караѓумрјук заврши осми со 57 бодови.

ПретходноПо 12 години Литванија има нов кошаркарски шампион
СледноЛапорта воведува три категории на плати во Барса, максумумот е 10 милиони по сезона