Играчот од средниот ред на француски Лил, Ренато Санчез, е пред потпишување договор со екипата на Милан. Италијанските медиуми пишуваат дека трансферот на 24-годишниот Португалец ќе ги чини „росонерите“ околу 20 милиони евра.
Деновиве во неколку наврати беше објавено дека фудбалерот и Милан веќе постигнале начелен договор за неговата плата. Деновиве се работи и на обезбедување на клупска согласност за обештетувањето.