Ѕвездата на европскиот кошаркарски шампион, Анадолу Ефес, Василие Мициќ, кариерата ќе ја продолжи во НБА, но не и во Оклахома, тврди инсајдерот Матео Андреани.
Оклахома ги поседува правата за српскиот играч, но тој сака да има поголема минутажа и отколку што може да добие во Тандер. Мициќ оваа сезона вторпат по ред стана МВП на фајналфорот во Евролигата со просек од 18,1 поен, 4,8 асистенции, 2,7 скока и 1 украдена топка по натпревар.
Мициќ беше избран од Филаделфија како 52-ри пик во 2014 година, но засега не се одлучил каде точно ќе ја продолжи кариерата.