Рафаел Надал веднаш по освојувањето на Ролан Гарос беше подложен на терапија на стапалото, кое веќе неколку месеци му прави проблеми.
Шпанецот во неделата го освои парискиот Грен слем, а за време на турнирот откри дека играл благодарение на инјекциите кои му ги блокирале нервите за да не чувствува болка.
Веднаш по турнирот, тој замина дома на ризична терапија за синдромот Вајс-Милер, ретка болест на деформација на една од коските на стапалото. Терапиите вклучуваат пулсни радиофреквентни инјекции кои делумно го согоруваат нервот и го создаваат ефектот што го имал при примањето анестетици за време на турнирот, но со потрајни ефекти, тоа би помогнало да се намали целокупното чувство во стапалото.
Клиниката за палијативна болка во Мадрид наведува дека пулсирачката радиофреквенција е „третман за болка предизвикана од иритација или дефект на нервите или чувствителност на системот што ја пренесува болката во телото“. Третманот се изведува „во операциона сала со лесна седација која ја врши специјализиран анестезиолог“. Колку е лоша неговата состојба покажува видеото пред да се качи во авионот за Шпанија кога се движеше со помош на патерици.
Останува да се види дали терапиите ќе му помогнат на Надал да се опорави до почетокот на Вимблдон кој започнува на 27 јуни.
@RafaelNadal is going back to Mallorca after undergoing the first session of the foot treatment in Barcelona. pic.twitter.com/7IltW0xllV
— 9-7 in the 5th (@97InThe5th) June 7, 2022