Надежите на Вардар денеска на турнирот во Златибор (Србија), насловен како “Куп на Пријателство“ ремизираа и тоа со 0:0 против адекватниот состав на Ц. Звезда. Од ТВ преносот можеше да се види дека младите варадарци одиграа добар натпревар, имаа и шанси за победа против силниот ривал инаку актуелен бранител на пехарот на овој голем и силен турнир.
Да потсетиме дека на овој турнир учествуваат и надежите на Академија Пандев.