Кирил Лазаров вечерва ќе го има последниот првенствен меч пред навивачите на Нант. Нашата ракометна икона вчера најави дека ја завршува играчката кариера, по што беше поздравен од бројни ракометни имиња и клубови низ цела Европа.
Вечерва Нант подготвува вистинска фешта на мечот со Тулуз, на кој ќе им се заблагодари и на Лазаров и на тренерот Ентрериос, како и на уште неколку други ракометари кои завршуваат со своите настапи во францускиот ракометен гигант.
💥 #JourDeMatch
🏆 30ème journée – Liqui Moly StarLigue
🆚 Toulouse
⏰ 20h30
🏟️ H Arena
🎟️ Vos places 👉 https://t.co/GhleQeLnku
📺 BeIN SPORTS 2#HBCNFENIX pic.twitter.com/u8GJo24gvU— HBCNantes (@HBCNantes) June 8, 2022