Каква вечер!!! Кирил Лазаров на последниот меч пред домашната публика во Нант ги доби сите почести, како што доликува на еден „крал“. Оваа вечер беше последна за многумина во тимот, но Лазаров доби посебна церемонија, бидејќи одлучи да стави крај на својата богата кариера.
Цела сала стави круни на главите во чест на Кралот Лазаров, а потоа на теренот се појави и неговото семејство, застана покрај Кире, кој беше седнат на престол со круна на главата.
Во салата на видео-бим одеа пораки од познати спортски имиња. Лино Червар, Чави Пасквал, Никола Карабатиќ…други познати ракометни стручњаци не штедеа зборови за нашиот Кире.
Церемонијата е во тек на официјалната страница на Нант.