И официјално Лука Модриќ ќе го носи белиот дрес на Реал Мадрид и во наредната сезона. Како што информираа од таборот на европскиот шампион, денеска е потпишан нов договор, и тоа во траење од една година, со можност истиот да биде продолжен. Иако Хрватот е во години, сепак важи за еден од најдобрите играчи во средниот ред во светот, па затоа Флорентино Перез, првиот човек на “кралевите“ не се двоумеше и успеа да го задржи Лука Модриќ на „Сантијаго Бернабеу“ најмалку до јуни 2023 година.