Против Романија да се прекине црната серија

168

Македонската одбојкарска репрентација денеска во Скопје (20.15 ч.) ја пречекува Романија во претпоследниот натпревар од првата фаза на Европската сребрена лига. Избраниците на селекторот Павличевиќ тргнаа со победа, но наредија три последователни порази од кој едени против денешниот ривал по што се ставија во ситуација да чекаат во последните два меча пласман во следната фаза.

Подмладениот состав на нашиот национален тим се уште има опција за седмо полуфинале во седмото учество во континенталното натпреварување, но за тоа да се случи, денеска треба да одиграме перфектен меч. Романците со четири победи на стартот се сигурен патник во следната фаза, па денеска во Скопје само ќе ја темпираат формата за завршниот турнир.

Според најавата, денеска голем плус ќе биде присуството на Владо Милев во тимот. Неговата здравствена состојба е подобра и најверојатно ќе може да придонесе за поквалитетен ростер против Романците.

ЕВРОПСКА СРЕБРЕНА ЛИГА

5. КОЛО

20.15 Македонија – Романија

20.15 Албанија – БиХ

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноНант вечерва подготвува фешта за заминувањето на Лазаров
СледноРФМ до Лазаров: Ти благодариме за севкупниот придонес во македонскиот ракомет!