РФМ до Лазаров: Ти благодариме за севкупниот придонес во македонскиот ракомет!

107

Кирил Лазаров вчера објави дека става крај на својата фанастична ракометна кариера. Иконата на ракометот, и не само во Македонија, еден од најдобрите европски ракометари во историјата, еден од нашите најдобри спортисти, ако не и најдобар, во историјата, најави играчка пензија. Секако дека ќе продолжи со ракометот, но отсега натаму како селектор и веројатно тренер во некој клуб.

Токму затоа сите кои нешто значат во ракометот, му се заблагодарија за тоа што тој даде за овој спорт, за својата Македонија и нејзината репрезентација, за клубовите за кои што настапуваше.

Секако дека своја благодарност искажа и нашата Ракометна федерација која на своите социјални мрежи и официјално му се заблагодари на Лазаров.

Ти благодариме за севкупниот ГОЛЕМ придонес во македонскиот ракомет и ти посакуваме поуспешна работа во понатамошната кариера“. Стои во соопштението на РФМ.

ПретходноПротив Романија да се прекине црната серија
СледноСе огласи и ЕХФ: Најмоќниот левучар во ЛШ… ќе ни недостигаш, ЛЕГЕНДО!