Столе Димитриевски: Со полн стадион ќе биде полесно!

295

Со Димитриевски на голот нашиот национален тим во поседниве сезони бележи блескави и историски резултати. Чуварот на мрежата на шпанскиот Рајо Ваљекако е еден од ние кои знаат како да се победи Грузија:

„Сакам полн стадион, сакам голема, најголема подршка. Со публиката и со нашиот квалитет ќе биде полесно да слаиме со побед. Јас секогаш сум пресреќен кога играм дома. Со полн стадион ќе ни биде полесно како што тоа било и во минатото“, најави Димитриевски кој ги повика навивачите да дојдат на стадон и да ја дадат потребната поддршка.

Дали убедливите победи на Грузија се дополнителен притисок за нашата одбрана?

„На секој меч се подготвувам да го дадам максимумот и да имам празна мрежа. Грузија ја гледам како сериозна селекција која има голем напредок од ној наш меч во Тбилиси. Тоа што даваат многу голови тоа не ме плаши. Знаеме и ние да даваме и знам како работиме во одбраната. Утре со наша празна мрежа ние ќе го добиеме натпреварот„ – додава нашиот чувр на мрежата.

Со Отар Какабадзе имате играно заедно, дали зборевте нешто за утрешниот меч!?

„Бевме заедно две години во Гимнастик, имавме добри настапи. Многу сме блиски, но за овој меч не сме зборувале многу, а така беше и кога го игравме финалето во Грузија. Утре ќе се видиме и секако дека ќе разговараме но по натпреварот, двајцата сме фокусирани на натпреварот“ – објасни Столе Димитриевски.

ПретходноМилевски: Да се даде максимум, да се победи…!
СледноКурталан: Македонија е мојата желба, едвај чекам да заиграм на официјални мечеви