Од многуте имиња кои се споменуваа како нов тренер на тимот на Партизан, управата на клубот се одлучи сепак, да го постави Илија Столица за нов кормилар. Ова за стратегот е враќање на стадионот на ЈНА, со оглед на фактот што на стартот на овој милениум тој беше член на клубот но како играч, а сега еве се враќа за да ја врати конечно титулата во витрините на Партизан.
Столица беше селектор на Србија во младинските У17 односно У19 селекции, а потоа заврши одлична работа и на клупата на Вождовац. Следуваше трансфер во тимот на Олимпија Љубљана, за да на крајот ја преземе и репрезентацијата до 21. година на Србија.