Репрезентацијата на Македонија го одржа официјалниот тренинг пред утрешниот дуел од третото коло од Лигата на Нации против селекцијата на Грузија кој се игра од 20:45 часот на Арената Тодор Проески. Предмалку на комплексот Петар Милошевски, селекторот Благоја Милевски за последен пат пред овој дуел ги поведе своите избраници пред првиот меч на домашен терен во оваа кампања. Претходно одигравме 1:1 со Бугарија во Разград, а потоа забележавме триумф од 0:2 кај Гибралтар.
Утре очекуваме полн стадион и пеколна атмосфера која ќе ги поведе нашите момци во нов триумф и атак на првото место во групата.