Серија А по 58 години воведува голема промена со системот на натпреварување

767

Водечките луѓе на Серија А на состанокот на елитниот ранг на италијанскиот фудбал ја разгледуваа идејата од наредната сезона да се воведе плеј-офт за шампионската титула. Плеј-офот би го одлучувал шампионот во случај две екипи да ја завршат сезоната со ист број на освоени бодови.

Во неодамна завршената сезона во Серија А во случај на ист број на бодови првак е екипа која има подобар скор во меѓусебните дуели со ривалот за титулата. А Милан на крајот го освои трофејот со два бода повеќе во однос на градскиот ривал Интер.

А „Росонерите“ ќе беа шампиони и ако завршија со еднаков број на бодови со Интер со оглед на тоа дека во дуелите со „нероаѕурите“ освоија четири бода.

Освен за титулата, принципот на плеј-оф би се вовел и во борбата за опстанок за тимовите кои ќе завршат на 17. И 18. место и имаат идентичен број на бодови на крајот на сезоната.

Инаку, италијанското првенство само еднаш е одлучено со плеј-оф и тоа во 1964 година кога Болоња во Рим го совладал Интер со 2:0.

ПретходноВо петок почнува Вардар Куп 2022
СледноЛазаров „перфектен“ на последниот меч пред фановите на Нант, ПСЖ и Раул испишаа историја