Соопштение на КК Пелистер: „Чкембарите“ не се виновни за инцидентот!

275

По повод настаните што се случија на третиот меч од финалната серија меѓу МЗТ Скопје и Пелистер, кога имаше интервенција врз гостинските навивачи на битолскиот клуб, со соопштение денеска излезе и раководството на КК Пелистер.

Во го презентираме во целост…

Кошаркарскиот клуб Пелистер целосно застанува зад навивачката група Чкембари бидејки истите воопшто не беа причинители за инцидентот.

Нашата навивачка група беше првично нападната од редарите, т.е. од лицата кои на трибините се задолжени да спречуваат инциденти а не да предизвикуваат инциденти.

Најостро го осудуваме овој нивен непрофесионален однос и се надеваме дека во иднина нема да бидеме сведоци на вакви немили настани.

Во Петок ги повикуваме Чкембарите и Битолските љубетли на кошарката во што помасовен број да ја исполнат спортската сала Боро Чурлевски и во една фер спортска и кошаркарска атмосфера да бидат нашиот 6ти играч во целта за изборување на мајсторка.

Со Почит

КК Пелистер

ПретходноТОНИ ОД ПРОБИШТИП СТАНА МИЛИОНЕР, СО ОСВОЕНИ 1.301.493 ДЕНАРИ ОД МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ
СледноГрузијците се прошетаа низ центарот на Скопје! (ФОТО)