Кошаркарскиот клуб Партизан предмалку објави дека нема да го доигра домашниот шампионат на Србија односно полуфиналниот дуел против екипата на ФМП, по сите случувања кои беа дел од финалната серија во АБА лигата помеѓу овој клуб, и лутиот ривал Црвена Звезда.
Во соопштението се вели дека токму проблемите кои настанаа во финалната серија против Звезда, и прекините, инцидентите, тепачките, го натерале клубот на ваков потег, а како ќе реагира на ова Кошаркарската федерација на Србија ќе се дознае во текот на денот.