Напаѓачки: Ова е составот со кој Македонија ќе оди на победа!

1426

Благоја Милевски нема намера да експериментира. Тој е свесен дека мечот со Грузија треба да се добие, па така во стартниот состав ќе го има она најквалитетно на кое што може да се смета.

No description available.

На голот се враќа Димитриевски, во одбраната се Ашковски, Муслиу, Велковски и Алиоски. Како последни играчи за врска се Спировски и Барди, а пред нив ќе биде Елмас. Во нападот на страничните позиции се Трајковски и Чурлинов и во шпицот Милан Ристовски.

Ова е всушност и стартниот состав кој го започна мечот и со Бугарија во Разград.

Им посакуваме на нашите момци, на нашите „рисови“ добар настап и секако победа со која ќе ја израдуваат целата наша јавност, а посебно фановите кои вечерва ќе ја бодрат Македонија од трибините на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје.

Мечот започнува во 20:45 часот.

ПретходноРакометарите против Грција на стартот на Медитеранските игри, дамите против Турција!
СледноКК Партизан нема да ја доигра сезоната во домашниот шампионат