Македонија доживеа потоп на Арената, Грузија со 0:3 успеа да ги победи избраниците на Благоја Милевски. Лош настап, посебно во второто полувреме, на крај висок пораз.
За читателите на“Спортмедиа“ стручен коментар дава младиот стратег Јетон Беќири…
“Анализата ќе ја почнам со големиот замор на фудбалерите поради патувањето на претходните два меча (во Бугарија и Гибралтар). Во принцип не сакам оправдување, но што е многу, многу е…да се играат толку многу натпревари на крајот од сезоната за мене е несфатливо“ започнува Беќири.
За тоа како го виде самиот меч…
“Што се однесува до самиот натпревар, секогаш е најтешко да се игра кога си фаворит и на некој начин да мораш да ја оправдуваш таа улога а притоа за ривал да имаш екипа која е квалитетна и со висока самодоверба, посебно по победатата и тоа убедлива над Бугарија“.
Беќири не штедеше комплименти за гостите…
“Грузијците беа добро поставени, реално во првиот дел беа задоволни и со бод, така и играа, но на крајот земаа три и тоа благодарение на одличниот настап во вториот дел. Ние имавме посед и иницијатива во првиот дел до последните 20 метри, но таму ни фалеше свежина, индивидуален потег или подобра идеја за квалитетно да завршиме со шут на гол. Секогаш ваквите ривали се опасни од контранапади, и треба да се внимава. Ние примивме три гола, што не смеат да се примат. Едноставно бевме многу лошо поставени во одбрана како екипа, и тоа Грузија знаеше како да го казни“.
Рано примениот гол според него ја пореметил нашата концепција…
“Да, кога ќе примиш таков гол на почетотокот од вториот дел многу лошо делува и на психологијата на играчите. Имавме проблеМ на десната бековска позиција каде лев бек ни игра принудно на таа позиција. Тоа е проблем кога се знае дека преку страничните позиции треба да се направи випокот. Знаеме колку ни недостигаат Адеми и С. Ристовски, но едноставно рејтингот кој што го градевме во последно време не смееме да ги губиме на ваков начин. Да губиме на ваков начин од противници како што е Грузија и тоа без разлика во каква форма се наоѓаат тие“.
Ова треба да биде и поука…
“Точно, ова според мене треба да биде поука за сите во репрезентацијата како не треба да се игра во дефанзива како екипа. Очекувам селекторот Милевски заедно со своите соработници да направат квалитетна анализа и дека веќе на следните мечеви ќе се вратиме на победничките патеки. Не смееме да заборавиме што направија овие момци досега, затоа на сите во селекцијата им порачувам: Главата горе момци“ заврши нашиот стручен коментатор.