Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ објави поширок список од 24 играчи за последните квалификациски мечеви од првата фаза за СП 2023 година. И овој пат предводникот на нашиот национален тим нема да смета на Дамајн Стојановски и Андреј Магдевски, а новитет е Рубин Стефанов. 17-годишниот син на Врбица игра за Канту во Италија, тој на претходните собири се најде на „мета“ на Бајиќ, кој не криеше дека е изненаден, позитивно од младиот Стефанов, како уште неколку млади и надежни кошаркари.
На 1. јули, нашите репрезентативци ќе се пресметаат со актуелниот светски шампион Шпанија, а неколку дена подоцна (4.07.2022) ќе си ги одмерат силите со Украина, во Скопје (СЦ Борис Трајковски, 18:00 часот).
Првиот собир на репрезентацијата ќе се одржи на 25. јуни, во СЦ Борис Трајковски со почеток во 10:00 часот.
ПОШИРОК СПИСОК НА КОШАРКАРИ ЗА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
- Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром
- Бобан Стајиќ – Пелистер
- Ненад Димитријевиќ – Валенсија, Шпанија
- Лука Савиќевиќ – МЗТ Скопје Уни Банка
- Рубин Стефанов – Канту, Италија
- Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
- Андреј Митревски – Феникс 2010
- Виктор Ефремовски – Гостивар
- Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
- Максим Митевски – МЗТ Скопје Уни Банка
- Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром
- Димитар Иванов – МЗТ Скопје Аеродром
- Андреј Јакимовски – Вашингтон Кугарс, САД
- Лука Стојановски – Еуро Никел 2005
- Марко Миловановиќ – Ју Ви Кремона, Италија
- Андреј Маслинко – ТФТ Скопје
- Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
- Стојан Ѓуроски – Пелистер
- Андреј Андоноски – МЗТ Скопје Уни Банка
- Ваљмир Какруки – Работнички
- Амар Хот – Феникс 2010
- Теодор Симиќ – Барселона, Шпанија
- Џејкоб Вајли – Шига Лејкстарс, Јапонија
- Љубомир Младеновски – Пелистер