ГРК Охрид во своите редови донесе две нови млади засилувања за следната сезона. Станува збор за Виктор Василевски и Стефан Бошкоски, првиот доаѓа од тимот на Голден Арт и ќе биде задолжен за голот, додека вториот игра на центарската позиција и доаѓа од тимот на Јехона.
Тренерот Горан Андоновски и раководството на клубот не губат време, изминатата недела ГРК Охрид промовира нови имиња и ја продолжи соработката со дел од своите членови, оние кои не беа во групата на 11 ракометари кои си заминаа по завршување на сезоната.