ВО ЖИВО: Македонија – Грузија 0-3

2411

КРАЈ НА МЕЧОТ. Грузијците одиграа смирено и паметно и ги однесоа бодовите од Скопје. Резултатот 3:0 за нив што е трета победа во групата. Во вториот дел тотално се распаднавме и немавме сили да се заканиме на голот на Грузијците.

87′ – Барди шутира од слободен удар од голема далечина но голманот на Грузија одбрани

83′ – ГОООЛ ЗА ГРУЗИЈА. Уште еден шок за нашата селекција. Китеишвили се најде осамен по нафрлувањето на Квеквешири и го погоди голот

78′ – Елмас се пожали на повреда и не може да го продолжи натпреварот. Нашиот „дијамант“ излезе, а во игра влезе Тодороски

71′ – Давид Бабунски и Миовски влегоа на местото на Спировски и Ристовски

Малку нервоза и кошкање меѓу македонските и грузиските фудбалери

67′ – Грузијците постигнаа и трет гол, но тој беше поништен поради офсајд.

61′ – ГРУЗИЈА ВОДИ 2-0 во Скопје. Кварачвелија со феноменален удар од преку 20 метри ја затресе нашата мрежа.

59′ – Бобан Николов влезе на местото на Трајковски.

51′ – ЛОШО, ЛОШО. Македонија губи 0-1. Циташвили тргна во контра, уфрли пред нашиот гол, а таму Зивзивадзе стигна до топката пред Велкоски и Муслиу и ја смести во голот.

49′ – Среќа за Македонија. Кочолава шутира со глава малку над пречката.

47′ – Слободен удар за Енис Барди од голема далечина. Фудбалерот на Леванте шутна но грузискиот голман одбрани

45′ – КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ. Тврд меч, голема борба, Македонија подобра на теренот но без ефект. Грузија се обидува со контранапади да го загрози нашиот гол.

39′ – Шут на Елмас од 16 метри право во рацете на грузискиот голман

31′ – Трајковски му ја намести на Чурлинов топката на шут, фудбалерот на Шалке шутира по земја но грузискиот голман одбрани

30′ – Давидашвили најде дупка во нашата одбрана и шутна од далечина, а Димитриевски успеа да го одбрани

24′ – Македонските фудбалери кружат пред шеснаесетникот на противникот, но никако да најдат простор за шут. Гостите засега ги расчистуваат сите наши обиди.

Мизерно! Дојде Ковачевски и ги „избркаа“ легендите…!!!

17′ – Трајковски шутира од далечина, топката минува едно метро покрај голот

10′ – Велковски греши, Кварацелија краде и шутира но Димитриевски брани.

1′ – ПОЧНА МЕЧОТ.

Меч од 3. коло од групата во Лигата на нациите. Македонија одигра 1:1 со Бугарија во Разград, а потоа го совлада Гибралтар со 2:0 во гости. Сега е првиот меч на домашен терен. Грузија доаѓа по триумфот над Гибралтар со 4:0 на свој терен и онаа неверојатна победа над Бугарија со 5:2 во Разград.

Официјално: Со овие единаесетмина ќе одиме по трите бода!

Напред Македонијо: “Рисовите“ знаат како до победа!

 

ПретходноДаноски со трансфер во Нови Пазар!
СледноОфицијалната химна за Европското првенство кое ќе се одржи и во Македонија (ВИДЕО)