Гостивар не се шегува, потврдени Стојчевски и Рамадани

774

Тимот на Гостивар дефинитивно планира летово да направи прволигашка екипа иако следната сезона ќе биде дел од единствената ВМФЛ конкуренција. Се носат засилувања адекватни на амбициите, а тоа е директен пласман во ПМФЛ односно атак на лидерската позиција.

Во таа насока е и доведувањето на Стојан Стојчевски, досегашниот стопер на тимот на Силекс, кој Спортмедиа го најави како засилување уште пред десетина дена.

Покрај Стојчевски, новитет е и досегашниот играч на Ренова, Емран Рамадани.

Гостивар деновиве ќе доведе и екстра засилување на позицијата централен напаѓач.

ПретходноТрајковски: Подготвени сме за победа против Грузија, но ќе треба многу самодоверба, тимски дух и многу верба
СледноБез Дамјан против Шпанија и Украина, синот на Врбица Стефанов се најде на поширокиот список!