Кога сме кај историјата и традицијата, Македонија досега одиграла само три меча со Грузија.На нив има една победа и две ремија. И двете нерешени средби се во Лигата на Нации, а онаа победата, блескавата, епската беше во финалето од плеј – офот за пласман на ЕУРО 2020.
И токму затоа велиме дека Грузија е нашата УБАВА ПРИКАЗНА.
Вечерта на 12 ноември 2020 година среде Тбилиси со голот на Горан Пандев во 56.минута, Македонија успеа да победи со 0:1 и да испише историја. Да се пласира за првпат на едно големо фудбалско натпреварување.
Тогаш Македонците се радуваа, додека Грузијците плачеа. Тогаш во Скопје и цела држава имаше еуфорија, бевме горди на нашите национали. Исто бевме горди кога нашата Македонија играше на ЕП.
Па така уште еднаш да се потсетиме на она што се случуваше на 12 ноември пред две години во Тблиси, на мечот токму против вечерашниот ривал.
И повторно нека биде така, ние да се радуваме а тие да тагуваат.