Зоран Даноски и официјално својата кариера ќе ја продолжи во Нови Пазар, тим кој се натпреварува во елитната лига на Србија. Искусниот офанзивец, кој досега беше член на Младост Лучани, има играно и во други странски клубови, во Македонија играше за Кожуф, Металург, Тиквеш, Победа и официјално следната сезона ќе го носи дресот на Нови Пазар. Ова клубот го објави на своите социјални мрежи и порача дека се засилиле со квалитетен и искусен фудбалер.