Интер ќе има страшен напад: Лаутаро – Лукаку – Дибала!

247

Откако во сезоната што заврши пред две недели Интер ја загуби титулата во Серија А и тоа од градскиот ривал Милан, раководството на „неро – аѕурите“ има намера во следната сезона тимот да го направи посилен. Јасно е дека Перишиќ е само едно убаво минато, но Интер има намера во нападот да ја има тројката Лаутаро – Лукаку – Дибала.

Вака на хартија овој напад изгледа страшно, но засега само првиот е член на клубот, останатите двајца сеуште не се тука.

Ова се плановите на Интер, е сега дали ќе се остварат останува да се види.

ПретходноОфицијално: Со овие единаесетмина ќе одиме по трите бода!
СледноКуп на Пријателство: Надежите на Вардар ја победија Олимпија и си закажаа 1/4 финале со Динамо З!