КК Партизан нема да ја доигра сезоната во домашниот шампионат

382

Кошаркарскиот клуб Партизан предмалку објави дека нема да го доигра домашниот шампионат на Србија односно полуфиналниот дуел против екипата на ФМП, по сите случувања кои беа дел од финалната серија во АБА лигата помеѓу овој клуб, и лутиот ривал Црвена Звезда.

Во соопштението се вели дека токму проблемите кои настанаа во финалната серија против Звезда, и прекините, инцидентите, тепачките, го натерале клубот на ваков потег, а како ќе реагира на ова Кошаркарската федерација на Србија ќе се дознае во текот на денот.

ПретходноНапаѓачки: Ова е составот со кој Македонија ќе оди на победа!
СледноШалке сака повторно да го “позајми“ Чурлинов!