Лазаров: Секој би посакал вакво испраќање, навистина сум горд!

503

Кирил Лазаров вчера го одигра последниот натпревар пред фановите на Нант. Клубот, фановите и играчите му приредија неверојатен спектакл, беше поздравен и испратен со сите почести, како што доликува на еден „Крал“, како што не нашиот Лазаров во светот на ракометот.

Македонската гол-машина не можеше да посака подобро испаќање во претпоследниот меч во неговата кариера.

„Навистина сум изненаден од тоа што ми го приреди Нант. Горд сум што донесов таква одлука, по играњето во Барселона. Го погодив клубот, кога одлучив да играм во Нант. Се работи за тим кој беше во нагорна линија. Уште кога дојдов играше во Лигата на шампионите. Во последните пет години израсна во голем клуб, со два настапи во завршницата од ЛШ, една полуфинале и уште едно финале. Не очекував ваква приредба, не велам дека не сум заслужил. Се чувствувам среќен и горд сум на оваа чест. Им се заблагодарувам на сите нив. Еден играч може само да посака вакво испраќање, навистина сум почестен да бидам испратен на овој начин“, рече Лазаров.

Кире посакува трофеј за крај на својата богата кариера. Тој со Нант ќе се пресметаат во финалето на Купот во Франција.

„Посакував да играме завршница во Европската лига. Но, очигледно тоа натпреварување не ми оди. Сега ни следува финале во Купот на Франција. Ќе играме против ПСЖ. Знаејќи кога е мојот крај, ми беше желба да го играм тоа финале. Ќе пробаме да го изненадиме големиот фаворит. Би сакал да завршам со титула, но и тоа ако не се случи нема да промени ништо“.

ПретходноПо Палермо ги наполнивме улиците, сега да ја наполниме Арената!
СледноЗошто се уште нема официјална промоција на Халанд?